Connect with us

Мбапе најдобар во светот според „Глоуб сокер“

Францускиот ас Килијан Мбапе е избран за најдобар фудбалер во светот за 2021 година на церемонијата на „Глоуб сокер авордс“ во Дубаи. Тој го победи Роберт Левандовски кој ја доби наградата „Диего Марадона“ за најдобар стрелец.


„Неверојатно задоволство е да се биде тука покрај такви фудбалски легенди. Им благодарам на сите кои веруваат во мене и на семејството за огромната поддршка“, изјави Мбапе.

Селекторот на европскиот првак Италија, Роберто Манчини, е најдобар тренер за изминатата година, а Леонардо Бонучи е најдобриот дефанзивец. Ова само покажува каков ривал ќе има Македонија во полуфиналниот плејоф бараж меч за пласман на Светското првенство во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови