Во Шпанија се потврдени неколку случаи на коронавирус. Еспањол излезе со соопштение дека неколку членови на тимот и стручниот штаб се позитивни на коронавирус, а набрзо стигна информација и од другиот дел на градот.
Позитивен е и стоперот на Барселона, Клемен Ленгле, кој ќе мора да оди во изолација и извесно е дека нема да игра против Мајорка в недела.
Инаку, во Каталонија го намалија капацитетот и до 70% на спортските настани, а наскоро се очекува и заострување на мерките.
Шпанските медиуми пишуваат дека коронавирусот предизвика општа конфузија и во Премиер – лигата, дека многу натпревари се одложени, но дека тоа не е проблем колку што нема јасни правила и значителен хаос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













