Талентираниот холандски напаѓач Брајан Броби до крајот на сезоната ќе игра како позајмен од бундеслигашот Лајпциг во Ајакс, откако двата клуба постигнаа договор за соработка. Робусниот напаѓач летово замина во Германија, а до крајот на сезоната во Амстердам ќе се обиде да ја врати својата препознатлива форма, но на лето ќе мора повторно да се врати во Лајпциг бидејќи не е договорено правото на откуп.
Со доаѓањето на Броби, тренерот Ерик тен Хаг ќе има повеќе опции за почетокот на годината, со оглед дека Себастијан Халер ќе игра на Африканскиот куп на нации.
Ајакс во јануари ќе се обиде да го доведе и играчот на Тотенхем, Стивен Бергвајн, кој реши да го напушти Северен Лондон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal