Норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд го избрал Реал Мадрид. Тој донел одлука на лето да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, открива италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио, кој е „гуру“ за најдобрите европски трансфери.
Халанд се одлучил за Ла Лига во однос на Премиер – лигата, бидејќи смета дека таа повеќе му одговара на неговиот стил на игра. Оттаму 21-годишниот норвешки напаѓач можат да го доведат само два клуба, Реал Мадрид и Барселона, а изборот на Халанд е „Сантијаго Бернабеу“.
„Халанд побара од својот агент да се договори со Реал Мадрид“, објави италијанскиот новинар.
Халанд следното лето би можел да ја напушти Борусија за 75 милиони евра. Во Дортмунд заработува околу 8 милиони евра годишно, а во Мадрид се очекува да заработува двојно повеќе.
Тој пристигна во Борусија Дортмунд зимата 2020 година од Салцбург за 20 милиони евра. За клубот од Дортмунд одигра 75 натпревари и постигна 76 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













