
Бубакар Камара, 22-годишниот играч за врска на Олимпик Марсеј, кариерата ќе ја продолжи во редовите на италијанскиот великан Милан. Според француските и италијанските медиуми, клубовите постигнале договор и Камара треба да се пресели на „Сан Сиро“ на почетокот на јануари.
Договорот на младиот француски дефанзивен играч за врска истекува на крајот од оваа сезона, а бидејќи не сака да го продолжи, од „Велодром“ решија да го продадат.
Милан веќе некое време го следи Камара, кој веднаш би можел да добие шанса во составот на „росонерите“ бидејќи Франк Кеси и Исмаел Бенасер ќе одат на Африканскиот куп на нации. Тој треба да биде и долгорочна замена за Франк Кеси кој најверојатно ќе си замине на лето од Милано.
Бубакар Камара го посакуваа и англиските клубови Њукасл и Манчестер Јунајтед. Тој целата кариера е во Марсеј, а досега настапуваше за сите возрасни селекции на Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
