Connect with us

Бензема не го сака Азар за соиграч во Реал?

Францускиот ас Карим Бензема побарал Еден Азар да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Ова треба да е чекор кон ангажман на Килијан Мбапе од ПСЖ во летниот преоден рок.


Без разлика што неговата работа е пред се да постигнува голови, Карим Бензема има огромно влијание во Реал Мадрид и надвор од теренот, а според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, тој има намера да влијае на заминувањето на Еден Азар од „кралскиот клуб“.

Оваа информација ја пренесе шпански „Национал“, додавајќи дека Бензема веќе го известил тренерот Карло Анчелоти дека не сака Белгиецот да му биде соиграч, а имајќи предвид дека сличен став има и претседателот Флорентино Перез, јасно е дека Азар би можел да замине уште оваа зима.

Азар пристигна во Реал летото 2019 година по седум извонредни години во Челси и по освојувањето на Лигата на Европа, но повредите и лошите игри го одбележаа неговиот престој во Мадрид.

На последните неколку натпревари тој беше стартер во отсуство на заразениот Марко Асенсио и само потврди дека не може да придонесе доволно за „кралскиот клуб“.

Азар е обврзан со договорот со Реал до летото 2024 година и реално е да се очекува да замине на позајмица. Се споменуваат неговите поранешни клубови Челси и Лил, а многу работи ќе бидат јасни до крајот на јануарскиот преоден рок.

Покрај Азар, Реал Мадрид во јануари би можеле да ги напуштат и Герет Бејл и Иско кои долго време се во втор план во Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови