
Еден Лионел Меси игра за ПСЖ, има седум „Златни топки“ и важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Другиот Лионел Меси исто така игра во Франција, но се прослави во нисколигашкиот фудбал поради неговото име.
Ова е приказната за другиот Лионел Меси. Момче родено на 30 март 1995 година во Камерун кое има исто име и презиме како Аргентинецот.
Како што можеше да се очекува, затоа е познат во Франција. Кога ќе им се претстави на луѓето, никој не му верува, па често мора да извади лична карта. Тој опиша како изгледа сето тоа во интервју за „Л’Екип“.
„На факултет ми приоѓаа луѓе и ме прашуваа дали моето вистинско име е Лионел Меси, ми велеа дека ги лажам кога ќе им кажам. Затоа често морав да го докажувам мојот идентитет и да покажам лична карта“, вели Камерунецот Меси со насмевка.
Сето тоа било забавно за неговите пријатели.
„Одевме некаде и тие им приоѓаа на луѓето и велеа „дали знаете дека мојот пријател се вика Лионел Меси? Потоа ќе се обложеа со нив за 20 евра, па морав да извадам лична карта за да докажам“.
Тоа имаше и некои придобивки, како на пример кога беше запрен од полиција.
„Името ме спасуваше неколкупати. На мојот пријател му истече регистрацијата на автомобилот, а полицијата ни ги зеде документите да провери. Кога го видоа моето име, почнаа да се смеат и не пуштија да поминеме неказнети”, открива Лионел Меси од Камерун.
За разлика од Аргентинецот Меси кој заработува милиони, момчето од Камерун добива околу 400 евра месечно во својот клуб, па има друга работа. Работи како магационер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
