Струга Трим Лум игра одлично на домашен терен, успеа да го сопре и налетот на Вардар и да го совлада со 2-1, а еден од најзаслужните за тоа беше некогашниот „вардарец“, Христијан Кировски. Тој кариерата ја почна токму во таборот на „црвено-црните“, мина низ многу клубови во кариерата, беше и интернационалец, а негово искуство сега е повеќе од драгоцено во составот на Струга Трим Лум.
Со голот во 25.минута тој донесе водство и даде дополнителен импулс за стружани во пресметката против вардарци. Потоа беше многу полесно за Струга Трим Лум да стигне до трите бода.
Одличната игра на Кировски му го донесе и признанието за најдобар играч на 14.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













