Италија е полуфиналната пречка за фудбалската репрезентација на Македонија на патот кон Катар. На денешниот ждреб нашиот национален тим доби екстремно тешки ривали во обидот да ја оствари конечната цел – да се пласира на мундијалот.
Сепак, Енис Барди, вели дека најважно е фудбалерите да веруваат во себе.
„Треба да бидеме силни на психички план и да веруваме дека можеме да ја оствариме целта. Во денешниот фудбал ништо не е невозможно. Ќе се подготвиме добро и ќе ги анализираме нивните добри и лоши страни, како и за секој противник“, вели фудбалерот на Леванте.
Македонија на 24 март ќе и гостува на Италија, а пет дена подоцна, доколку успее да се избори за финале од баражот, повторно ќе биде гостин кај победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski