
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас продолжува со одличен голгетерски ефект и во дресот на Наполи. Тој беше стрелец на единствениот гол за Наполи на дуелот против Спартак Москва. „Наполитанците“ загубија со 2-1, а Елмас беше стрелец во 64.минута, кога со удар со глава реализираше на асистенција на Андреа Петања. Во 90.минута, Елмас имаше уште една убава шанса и за израмнување, но голманот на Спартак Москва, Александр Селиков успеа да одбрани.
Елмас погоди и на првиот меч против Спартак Москва (2-3) во Неапол во групната фаза од Лигата на Европа.
Спартак Москва стигна до победа на денешниот меч со двата гола на напаѓачот Александар Соболев, во третата и во 28.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
