
Репрезентацијата на Македонија е хит во фудбалскиот свет откако успеа да обезбеди пласман во баражот за Светското првенство. Со најслаб ранкинг на ФИФА од сите пласирани селекции, Македонија дефинитивно е најпријатното изненадување.
Селекцијата на Благоја Милевски ќе биде меѓу неносителите на ждребот на 26 ноември, но тоа не значи и дека не може да направи ново чудо и да се пласира на Светското првенство во Катар. Ова го потенцира во анализата и влијателниот „ЕСПН“.
„Не очекува неверојатно интересна битка за последните три места од Европа кои водат на Светското првенство во Катар. Македонија е дефинитивно најголемото изненадување и може да го изненади секој ривал. Не е тоа веќе селекција која ќе го паркира автобусот пред својот шеснаесетник и само ќе се брани. Замислете го само Кристијано Роналдо како се „тресе“ од Македонија. Тоа носи неверојатна возбуда“, анализира ЕСПН.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
