
Постигнувањата на египетскиот национален херој Мохамед Салах, ќе се учат како дел од наставната програма во Египет, со цел да ги инспирира учениците да целат кон постигнување големи работи во животот.
На 29-годишниот фудбалер му се восхитуваат многу луѓе од неговата татковина и во странство, најчесто проади примерниот животен стил и филантропските активности. Поради тоа, приказната на играч на теренот, како и неговите обемни добротворни успеси надвор од него, сега се вклучени во книгите за основно и за средно образование низ целата земја, објавува англискиот весник, “Тајмс”.
Учениците од основно училиште, главно ќе учат за неговиот фудбалски успех, додека оние од средно училиште, ќе се фокусираат на одличните размислувања и хуманите дела на водечкиот африкански стрелец во Премиер – лигата, а со ова би се поттикнале учениците да размислат што значи да се биде херој.
„Желбата на Салах да им помага на другите е затоа што сака да им даде шанса на младите да успеат“, се вели во книгата за средно училиште. „Тој е пример за милиони Египќани кои му го даваат прекарот ‘создавач на среќата’.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
