Антонио Касано скандалозно очекува Франческо Тоти да биде заборавен во Рим и Италија во блиска иднина, поради тоа што според него, не е од ист ранг на фудбалери како Лионел Меси, Диего Марадона и Јохан Кројф. Во недела, на дуелот на Рома против Наполи, домашните навивачите го обвинија Лучијано Спалети како директен виновник за заминувањето на легендата.
Касано, кој е поранешен напаѓач на Рома, застана во одбрана на сегашниот тренер на Наполи и изненадувачки го нападна својот поранешен соиграч. “Исвиркувањата против Спалети се срамота. Тој направи неверојатни работи во Рим и го сакаше клубот“, рече Касано.
“За што го извируваа? Затоа што го натера Тоти да се пензионира? Се лутам кога ги слушам овие работи. Зарем Тоти се пензионираше затоа што не играше кога Спалети беше предодник на Рома? Играв во Рим, па знам за што зборувам. За мене тоа е скандал и жал ми е што го кажувам ова затоа што си поминав одлично во Рим.
„Тоти ќе биде заборавен за 20 години, вечни се само Меси, Марадона и Кројф. Па и Де Роси беше капитен, но и тој е веќе заборавен, иако никогаш не сум видел некој што ја сака Рома толку многу како него. Тоти ја сака Рома, но Де Роси ја сака 100 пати повеќе.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













