Барселона ќе мора да се справи без Ансу Фати против Рајо Ваљекано, поради повреда на коленото на напаѓачот. Утрово, каталонците ја потврдија веста, што значи дека тој не отпатува со составот за натпреварот на “Валјекас”.
Фати им се придружува на Педри, Френки де Јонг, Роналд Араухо, Усман Дембеле и Мартин Брајтвејт на листата на повредени. Младиот Шпанец се здоби со повреда на коленото во поразот од Реал Мадрид во “Ел Класико”, иако не се работи за истото колено што го оддалечи 10 месеци од терените.
Сè уште нема информации колку долго новата “десетка” на Барса би можела да биде надвор од теренот, но познато е дека Депај, Агуеро и Дест ќе бидат главната опасност по голот на македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски вечерва.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













