
Главоболката на Пари Сен Жермен се повеќе се зголемува, со оглед на тоа што Серхио Рамос продолжува со индивидуални тренинзи и покрај информациите дека ќе се врати на групните тренинзи пред петочниот натпревар против Лил. Од францускиот првак потврдија дека дефанзивецот се очекува повторно да се приклучи на тренинзите на првиот тим оваа недела, но тоа не се случи, предизвикувајќи одредена загриженост во клубот.
Рамос потпиша двегодишен договор со парижаните, но константните повреди продолжуваат да бидат пречка за неговото деби. Според “Ле Паризиен”, не се знае кога поранешниот капитен на Реал Мадрид ќе се врати на тренинзите со останатите соиграчи.
“20 ноември сè уште ми изгледа прерано како датум на кој би можел да се врати на терените. Се надеваме дека ќе се врати набргу и дека ќе биде лидер на бековската линија на ПСЖ. Но, информациите што ги имам, се дека Рамос не е добро. Закрепнувањето на Серхио не оди добро, не оди ниту лошо, но не оди како што треба. Бавно е. Тој сè уште чувствува болка, а во ПСЖ се свесни за ситуацијата”, вели шпансиот новинар Антон Меана.
“Не е најважно кога Рамос ќе дебитира, што сепак би можело да биде овој викенд, туку кога тој ќе стане постојан стартер и ќе игра редовно, а тоа е многу далеку. Никој во Париз не може да каже дека од 20 ноември или 1 декември ќе игра редовно. Има многу сомнежи за повредата на Рамос.”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
