Connect with us

Конте побарал две засилувања за да седне на клупата на Манчестер Јунајтед

Поразот од Ливерпул е тешко да се проголта на „Олд Трафорд“, па иако се шпекулираше дека позицијата на Оле Гунар Солскјер е сигурна, се чини дека работите се движат кон промена на тренерот. Во клубот се повеќе созрева идејата за промена на Норвежанецот.


Менаџерот побарал од играчите да го поддржат, но нивната реакција наводно не била премногу конструктивна, а поголемиот дел од соблекувалната сметале дека Оле не е дораснат на работата.

Не е готово, тој има договор до 2024 година, Јунајтед ќе мора да му плати голема отштета, но клубот се надева дека би можел да ги намали побарувањата поради неговото играчко минато во клубот.

Солскјер нема лесно да се предаде, а единствен кандидат кој би можел да седне на клупата е Антонио Конте.

Според британските медиуми, Италијанецот веќе дал зелено светло, не сака да ја пропушти шансата да седне на клупата на еден од најголемите клубови во светот, но ќе бара одредени услови, иако парите се не во преден план.

Тој ќе побара од клубот во следните два преодени рока да ги доведе Николо Барела од Интер и Федерико Киеза од Јувентус. Тоа можеби изгледа како невозможна мисија, но се чини дека и со 200 милиони евра „ѓаволите“ нема да можат да ги натераат Интер и Јувентус на продажба на нивните ѕвезди.

Во Јунајтед се уште се загрижени за карактерот на Конте, но планираат да му дадат цврста рака кога се во прашање засилувањата, а тоа го немаше во претходните клубови, особено во Јувентус и во Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови