Милан е повторно во врвот на италијанскиот фудбал и сонува за титула. Со влегувањето во Лигата на шампионите, „росонерите“ успеаја да воспостават здрава основа на клубот на патот кон враќање во европската елита. За такво нешто се потребни и трофеи, па навивачите се надеваат дека оваа сезона ќе успеат да го освојат „скудетото“ по цела деценија чекање.
Тренерот Стефано Пиоли смета дека за тоа му се потребни најмалку уште две засилувања, од кои едно во навалната линија. Негов „пик“ е Адреа Белоти од Торино.
„Биковите“ се заинтересирани да го откупат договорот на Томаш Побега, кој е во сопственост на Милан, па клубот од „Сан Сиро“ тука ја гледа својата шанса да дојде до Белоти.
Капитенот на Торино и репрезентативецот на Италија следното лето ќе може слободно да избере нова средина бидејќи му истекува актуелниот договор, па преселбата на „Сан Сиро“ оваа зима и не е така нереална опција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal