
Барселона никако да излезе од проблемите. По поразот на „Ел Класико“, за Барса пристигнуваат уште лоши вести. Младата ѕвезда Педри неодамна го продолжи договорот, но сериозно го плаќа данокот на преголемото оптоварување во текот на минатата сезона.
Тој за време на опоравувањето од повредата повторно го повреди бутниот мускул, што може да го одвои од терените најмалку неколку седмици.
Суперталентираниот играч за врска минатата сезона одигра неверојатни 75 натпревари на највисоко ниво, а кратка пауза доби дури во септември откако настапи за Шпанија на Европското првенство, но и на Олимписките игри во Токио.
Медиумите во Шпанија уште тогаш предупредуваа за напорите на еден 18-годишник, но самиот играч процени дека ќе може да го понесе овој голем товар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди
