Дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер (28) е се поблиску до заминување од лондонскиот клуб следното лето.
Германскиот репрезентативец би можел да си замине од Челси по истекот на договорот. Клубот од „Стемфорд бриџ“ на Ридигер му понудил 6,5 милиони евра по сезона, но Германецот бара 10 милиони евра и има голема разлика во преговорите.
Рудигер пристигна во 2017 година од Рома за 35 милиони евра, а не би имал ништо против да се врати во Серија А каде би требало да го замени капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини, кој е на залезот на кариерата.
Рудигер беше во втор план во Челси до минатата година, а потоа доби шанса во згуснатиот распоред и максимално ја искористи шансата. Сега се смета за еден од најдобрите стопери во светот. Покрај Јувентус, за него се интересираат Реал Мадрид, Манчестер Сити, Тотенхем и Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal