
Наполи ги загуби првите бодови сезонава, откако дерби-натпреварот со Рома во деветтото коло од Серија А заврши без победник и без погодоци (0-0).
За денешниот натпревар, Жозе Мурињо реши да ги испрати на трибините Борха Мајорал, Гонзало Виљар, Брајан Рејнолдс, Мараш Кумбула и Амаду Дијавара како казна по поразот од 6-1 во Конференциската лига против Бодо Глимт. Тие не беа ни на клупата за резервни играчи на стадионот “Олимпико”.
Работите за португалскиот стратег одеа од лошо на полошо, па така на само осум минути рпед истекот на регуларното време, тој го заработи својот втор жолт картон и доби исклучување од судијата Маса. По еден старт над Ѕаниоло, “волчицата” не доби слободен удар, што го вознемири домашниот тренер. Па така, Маса му покажа втор жолт картон поради непотребно реагирање.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 71. минута, и одигра околу половина час за составот на Лучијано Спалети. Без разлика на ремито, Наполи останува на лидерската позиција со 25 бода, исто толку колку што има и Милан, поради тоа што “сините” имаат подобра гол-разлика.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
