
Актуелниот првак Шкендија го пречекува Работнички во најинтересниот дуел од неделната програма во Првата фудбалска лига. По вчерашниот триумф на Шкупи, тетовскиот тим има дополнителен мотив да ги освои трите бода за да го следи чекорот на составот од Чаир.
Напаѓачот Синдрит Гури најавува дека Шкендија размислува единствено за победа.
„Слично како и на секој првенствен натпревар, така и на дуелот против Работнички влегуваме со мотиви да победиме. Последниот убедлив триумф над Ренова во Купот ни дава уште поголема мотивација за следните натпревари. Очекуваме победа против Работнички и наша цел е да се искачиме на врвот на табелата. Сите во тимот го посакуваме тоа и уверени сме дека можеме да го постигнеме. Најважно е сите да дадеме максимум и верувам дека ќе оствариме успех“, вели напаѓачот на Шкендија.

Струга Трим Лум подолг период е без победа, а младиот Фитон Адеми верува дека тимот ќе прикаже добра игра и ќе оствари позитивен исход на гостувањето кај Македонија ЃП.
„Ова е многу важен натпревар за нас. Ќе бидеме максимално сконцентрирани и верувам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Атмосферата во тимот е добра, особено по пласманот во четвртфиналето на Купот, па верувам дека со малку среќа и фер судење од Скопје ќе се вратиме непоразени“, порачува Адеми.
Пелистер во Битола ја пречекува Брегалница, Скопје е домаќин на Тиквеш, а Борец со новиот тренер Јане Николоски ќе се обиде да оствари позитивен резултат против Академија Пандев.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
