
Баерн Минхен му испорача „четворка“ и на Хофенхајм. Иако без тренерот Јулијан Нагелсман кој е позитивен на Ковид-19, баварскиот тим го совлада Хофенхајм на „Алијанц арена“ со 4-0. Гнабри, Левандовски, Чупо – Мотинг и Коман беа стрелци на головите за лидерот на табелата во Бундеслигата со 22 бода.
Еден бод помалку има Борусија Дортмунд која исто така славеше убедлив триумф (1-3) на гости против Арминија Билефелд. Емре Џан и Матс Хумелс донесоа водство од 0-2 на полувремето, третиот гол за „милионерите“ беше дело на Џуд Белингам, а домаќинот постигна почесен гол преку Клос од пенал во финишот.
Лајпциг имаше негатива од 0-1 на полувремето, но на крајот го победи Гројтер Фурт со 4-1. Хргота од пенал најави изненадување во 45.минута, но домашните фудбалери тоа не го дозволија. Поулсен израмни на самиот старт од вториот дел, а Форсберг од пенал се погрижи за пресврт во 53.минута. До крајот погодија и Шобошлаи и Новоа-Рамос.
Фрајбург го изненади Волфсбург на гости со 0-2, со головите на Линхарт и на Холер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Спартак Варна
