
Шкупи ја доби пресметката против Ренова на Чаир со 2-1 и се зацврсти на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Тимот на Гоце Седлоски беше за нијанса подобар ривал на овој меч, доволно за да ги освои трите бода.
Ренова добро се држеше во првиот дел, но потоа Шкупи притисна и дојде до водство. Во 55.минута Сандеј Адетунџи успеа да ја затресе мрежата на гостите.
Во 69.минута, спорен момент, Адетунџи беше во дуел со Мустафов и падна, а беше досуден пенал за Шкупи. Успешно го реализираше Фреди Алварез за удвојување на предноста, 2-0.
Во финишот, Ренова намали преку Бурхан Мустафов во 83.минута, но составот на Ќатип Османи немаше сили и да стигне до израмнување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
