Лидерот на табелата во Втората лига Исток, тимот на Каменица Саса, денеска (14 часот) има релативно „лесно“ гостување кај последнопласираниот тим на Братство. Целта на Каменица Саса сигурно е да се освојат трите бода и да се задржи врвот.
Слога Виница на домашен терен го пречекува Кожуф, а Кит Го оди на гости кај Осогово.
„Кожуф е тежок ривал, заслужува респект, но ние сакаме триумф за да го држиме чекорот со Саса“, вели шефот на стручниот штаб на Слога Виница, Никола Кузманов.
Кит Го сака да се врати на победнички патеки, а по подолгата пауза поради повреда, во тимот се враќа еден од столбовите на одбраната Оливер Христов.
„По поразот во Пехчево од Слога Виница мислам дека добро ги осознавме нашите грешки, па сигурно сме подготвени да ги корегираме на следните натпревари. Не очекува тежок натпревар во Кочани, мал дерби-дуел од кој секако очекуваме позитивен резултат“, вели дефанзивецот на Кит Го, Оливер Христов.
Беласица ќе гостува на Локомотива, а Победа е домаќин на Детонит.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













