
Мохамед Салах оваа сезона повторно игра брилијантно. Неверојатниот 29-годишен Египќанец постигна 12 гола, плус четири асистенции, на 11 натпревари во сите натпреварувања и е најзаслужен за одличната форма на Ливерпул. Договорот на Салах на „Енфилд“ истекува летото 2023 година, а клубот се подготвува да му понуди нов.
„Што се однесува до мене, би играл за Ливерпул до крајот на кариерата, но тоа не зависи од мене. Тоа не е во мои раце и зависи од тоа што сака клубот. Во моментов не можам да замислам да играм против Ливерпул. Би бил многу тажен и воопшто не сакам да размислувам за тоа, но никогаш не знаете што може да донесе иднината“, изјави Салах.
Салах дојде во Ливерпул во летото 2017 година од Рома за 42 милиони евра, а досега за Ливерпул на 214 натпревари постигна 137 голови со 51 асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку
