
Француската фудбалска легенда Тиери изненади многумина кога го прогласи Денис Бергкамп за најдобар фудбалер со кој ја делел соблекувална во неговата фантастична кариера.
Водителот на „Си – Би – Ес“ го праша легендарниот Французин кој е најдобриот фудбалер со кој има играно, а потоа се изненади кога го слушна името на Бергкамп.
„Дали тоа не е Лионел Меси? праша зачудено, а потоа Хенри повтори дека тоа е Бергкамп.
Анри освои две титули во англиската лига и три ФА купа со Бергкамп во Арсенал.
„До крајот на животот ќе кажувам дека тој е најдобриот партнер што може да го има еден напаѓач, тој е остварување на сонот за секој голгетер. Тој човек секогаш го избираше вистинскиот потег. Можеше да даде гол, да асистира, да го чека вистинскиот момент за магија. Тој секогаш ја почитуваше играта и сите околу себе“, изјави Анри, кој од Арсенал замина во Барселона каде играше со Меси, Роналдињо, Иниеста, Чави…
Бергкамп ја започна својата кариера во Ајакс, две сезони помина во Интер, а од 1995 до 2005 година го носеше дресот на Арсенал. За лондонскиот клуб постигна 87 голови и забележа 61 асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
