Рома доживеа вистинско понижување во третото коло од Конференциската лига, откако беа поразени со 6-1 од Бодо Глимт. Ова е првпат сезонава, тимот на Жозе Мурињо да прими шест гола на еден натпревар. Играчите на “волчицата” веднаш го почнаа натпреварот на погрешна нога и по неколку минути дојде водството на Бодо, преку Ботајм.
Берг го зголеми водството на домаќините во 20. минута, додека пак, Карлес Перез со својот прв погодок сезонава ја намали разликата по само осум минути. Во вториот дел “специјалниот” се обиде да промени нешто, вметнувајќи ги Мхитарјан, Пелегрини и Абрахам, но резултатот не се промени: Бодо постигна уште четири погодоци, дело на Солбакен, Пелегрино и уште два пати успешно стрелаше Ботајм за хет-трик.
Денес, ниту Тотенхем нeмаше со што да се пофали откако претрпе пораз од Витесе (1-0) на гости во Холандија. Тимот на “спарс”, кој претходно ја погоди гредата преку Брајан Хил, се чинеше дека ќе успее да дојде до еден бод. Сепак, Максимилијан Витек погоди извонреден волеј со левата нога надвор од шеснаесетникот на само 12 минути пред истекот на регуларното време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













