Српскиот актуелен првак, Црвена Звезда одигра нерешено (1-1) со Митјиланд во третото коло од групната фаза во Лига Европа. Екипата предводена од Дејан Станковиќ не успеа да до задржи водството од 1-0 кое го стекна скоро по еден час игра. Гостите од Белграм поведоа по погодокот на Мирко Иваниќ во 58. минута, но не го издржаа големиот притисок од страна на данскиот клуб. Така, по 20 минути од погодокот на Звезда, Николас Дир го постигна изедначувачкиот гол за домаќините.
Во меѓувреме, Динамо Загреб, кој беше без својот капитен и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, остана без планираните три бода, откако претрпе пораз од 2-1 против Рапид Виена. На Марко Грул му требаа само 9 минути за прв да ја затресе мрежата на Доминик Ливаковиќ. На ова, Хрватите одговорија преку Мислав Орсиќ во 24. минута. Сепак, надежта за можен пресврт на “сините”, ја скрши Максимилијан Хофман со својот погодок 10 минути подоцна.
Од преостанатите четири дуели, дури три завршија без победник. Шпански Бетис и германски Баер Леверкусен ремизираа 1-1, а Антверп го изненади Фенербахче со конечен резултат од 2-2. Лацио и Марсеј си ги поделија бодовите по нерешениот резултат од 0-0. Додека пак, Брага го реши победникот на натпреварот против Лудогорец, уште рано во 7. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













