Второлигашкото дерби помеѓу Тетекс и Варда ќе се одигра задутре (23 октомври) на градскиот стадион во Тетово, иако постоеја најави дека тоа нема да се случи поради можната забрана од општината.
– По сите перипетии конечно разумот преовлада, па Братското Дерби ќе се одигра во предвидениот термин – Сабота од 14:00ч. на Градскиот Стадион во Тетово. А кој би ги составил коцките за еден ваков совршен совршен ден?
Натпреварот се игра на 23-ти Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Организација !
Заедно со браќата Војводи ќе го обележиме со заеднички спектакл, низ Тетовските улици и на трибините.
Последен пат кога бевме заедно беше Декември, 2019 година на мечот со Шкендија во Скопје. Па токму од тој ден и од тој ретко виден спектакл и невидена еуфорија, ви ја презентираме оваа видео најава која е составена од материјали кои досега не се објавени, се вели во објавата од Комити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













