Connect with us

Борче Христов го напушти кормилото на Борец

Македонскиот прволигаш Борец остана без тренерот Борче Христов. По вчерашната елиминација од Купот на Македонија во Струга, откако велешкиот тим одигра 1-1 против Струга ТЛ, а потоа загуби по изведување пенали, Борче Христов спогодбено си замина од кормилото на Борец.

Христов дојде во Борец со новиот спонзор, по заминувањето на Кочо Анѓушев од клубот. Успеа да го спаси тимот од испаѓање што сите му го предвидуваа по разделбата со генералниот спонзор „Брако“. Сепак, оваа сезона на Борец не му оди најдобро на резултатски план, а се посилни се гласините дека не е најдобра и финансиската конструкција во клубот.

Борец во следното коло на домашен терен ќе го пречека тимот на Академија Пандев, а во наредните денови ќе треба да именува и нов шеф на стручниот штаб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови