
Тренерот на Барселона, Роналд Куман, е свесен дека неговиот тим мора да победи на вечерапниот меч против Динамо Киев во ЛШ. Евентуален нов лош неуспех ќе значи и речиси сигурна елиминација во првата фаза од елитното натпреварување.
Холанѓанецот е под притисок од почетокот на сезоната поради слабите резултати. Барселона забележа два порази на почетокот од новата сезона во Лигата на шампионите.
„Пред нас е важен натпревар, играме за нашата иднина во ЛШ. После двата порази, сега мораме да победиме, немаме друго решение. Се обидуваме да го стигнеме нивото на другите тимови со млади играчи и фудбалери кои се враќаат од повреди. На вистинскиот пат сме, но, сепак има разлика меѓу нас и најсилните тимови во овој момент“, изјави Куман.
Барселона е последна во својата група без освоен бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
