
Реал Мадрид во голем стил се врати во победнички ритам во Украина со триумфот (0-5) против Шахтјор Доњецк оставајќи ги зад себе поразите од Еспањол во Ла Лига и од Шериф во ЛШ. Карим Бензема успеа во финишот да се запише во листата на стрелците и стигна до „стотка“ во ЛШ, а стана и четврти најдобар стрелец во клупската историја на „кралевите“.
Тој вели дека овој триумф е убав залет за „Ел Класико“.
„Одличен натпревар, создадовме многу шанси, постигнавме многу голови, а важно е и што ја сочувавме наата мрежа. Ова е убав залет за „Ел Класико“. Сепак, вечерва ќе се радуваме на оваа голема победа над Шахтјор, а од утре ќе мислиме на дербито со Барселона“, изјави Карим Бензема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski