
Холандскиот интернационалец Матијс де Лихт во јануари би можел да ги напушти Апенините и да се пресели во Шпанија. Како што открива каталонскиот весник „Ел Насионал“, тој е блиску до трансфер на Барселона.
Неговиот агент Мино Раиола е во преговори со раководството на клубот од „Камп Ноу“.
Причината е што неговиот клиент не е задоволен во Јувентус и сака да си замине во зимскиот преоден рок.
Де Лихт се приклучи на „старата дама“ за 75 милиони евра како наследник на Бонучи и Киелини, но не го покажа целиот свој раскошен талент.
Барселона го сакаше Де Лихт уште пред тој трансфер, но Раиола одлучи да го донесе во Торино. Сега ситуацијата доживува пресврт.
Холандскиот дефанзивец има 22 години и одигра 659 минути за Јуве оваа сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
