Србија долго време чека национален стадион, а активностите на неговата изградба би можеле да започнат наскоро. Нашиот северен сосед планира да изгради стадион, чија изградба ќе чини 257 милиони евра, а зданието би било навистина импресивно.
Претставник на Урбаниот институт во Белград ја објасни точната локација на стадионот, како и стандардите според кои ќе се гради стадионот.
„Идниот стадион ќе се наоѓа во делот на градската општина Сурчин, во делот на полето Сурчин, источно од државниот пат, во близина на обиколницата во Белград. Ќе биде тоа еден од најмодерните стадиони, од таканаречената категорија четири, определена од УЕФА, ќе биде изграден на вкупно 114 хектари државно земјиште, а објектот ќе треба да одговара на многу прецизни и строги стандарди на УЕФА и на ФИФА“, истакна Божидар Бојовиќ.
Според сегашните планови, идниот национален стадион треба да го носи името „Србија“, а во него ќе се смести и фудбалската академија. Покрај тоа, планиран е трговски центар, како и музеј на Фудбалскиот сојуз на Србија во рамките на објектот.
Новиот национален стадион во Србија се очекува да биде изграден до 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













