Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не е задоволен од епилогот на дуелот против Кристал Палас во осмото коло во шампионатот на Англија.
„Добро го започнавме натпреварот, доминиравме и дејствувавме остро. Имавме многу добри моменти. По постигнатиот гол, ја загубивме смиреноста и контролата над играта. Второто полувреме го започнавме подобро, ја контролиравме играта, но направивме две грешки и примивме два гола. На овој меч можевме да постигнеме многу повеќе. Разочаран сум од резултатот, загубивме два бода. Но, ремито е многу подобро од пораз“, изјави Артета.
По овој натпревар, Арсенал е на 12. место на табелата во Премиер – лигата со 11 бода, Кристал Палас е две позиции подолу.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal