
Неименуван фудбалер од англиската Премиер – лига призна за таблоидот „Сан“ дека е хомосексуалец, но никогаш не би признал и јавно, затоа што се плаши од јавна осуда што ќе следи на стадионите нна Островот.
„Сега е 2021 година и треба да можам слободно да се изразам и да им кажам на сите што сум навистина, но има некои фанови кои се уште се во 1980-тите години. Сакам да бидам отворен за луѓето бидејќи тоа сум јас и навистина сум горд на мојата определба, но вистината е дека во тој случај ќе бидам распнат“, вели фудбалерот.
Тој тврди дека морал да побара психолошка помош поради притисок и страв дека неговите соиграчи ќе откријат дека е хомосексуалец.
„Кога играм фудбал, чувствувам дека навивачите можат да погодат дека сум хомосексуалец и да ме осудат за тоа. Дали се однесувам феминизирано? Дали можат тоа да го претпостават според облеката што ја носам надвор од теренот? Ме уништува психички. Страшно е“, признава неименуваниот фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
