
Манчестер Јунајтед по саботниот пораз (4-2) од Лестер е само на шестото место на табелата во Премиер – лигата. Тоа дефинитивно е поразителен факт, а Пол Погба вели дека „ѓаволите“ не заслужиле повеќе на гостувањето на стадионот „Кинг Пауер“.
„Да бидам искрен, ваквите игри се повторуваат веќе некое време, и не можеме да најдеме решение. Примаме лесни голови, многу глупави голови. Мораме да бидеме позрели, да покажеме повеќе искуство во играта, да бидеме арогантни во позитивна смисла. Треба да ја земеме топката и да ја играме нашата игра“, изјави Погба.
Французинот нагласи дека заслужиле да загубат од Лестер.
„Го заслуживме овој пораз. Треба да смениме нешто. Мораме брзо да разбереме што е проблемот, ако сакаме да се бориме за трофеи. Треба да се обединиме и заедно да работиме на тоа“, истакна Погба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
