
Рома загуби на гостувањето во Торино против Јувентус. Тренерот Жозе Мурињо даде свое видување на поразот истакнувајќи дека неговиот тим заслужил да победи.
„Можам само да кажам дека видов одлична Рома. Така им реков на играчите во соблекувалната. Да, зборуваме за пораз и нула бодови, но Рома беше одлична во секој поглед. Видов храброст, доверба, верба. Очигледно, поразот останува пораз, но треба да го погледнете проектот, во растот на тимот со текот на времето. Видов дека загуби тимот што заслужи да победи. Ова е фудбал. Не сакам да го коментирам моментот со пеналот. Сакам да се апстрахирам од она што се случи и да се фокусирам на она што го правеше мојот тим“, изјави Португалецот.
Римјаните во 44. минута не реализираа пенал за израмнување на резултатот.
По осум кола, Рома е на четвртото место во Серија А со 15 бода, додека Јувентус е седми со 14 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево
