
Милан е фаворит пред Арсенал во трката за напаѓачот на Клуб Бриж, Ноа Ланг, чија вредност се проценува на 30 милиони евра. Според белгиски „Nieuwsblad“, во конкуренција е и Лидс Јунајтед, но „росонерите“ се наведени како најголем фаворит.
Ланг неодамна потпиша нов договор до јуни 2025 година, а Клуб Бриж нема да брза со неговата продажба. Тој оваа сезона игра одлично, постигна четири гола и забележа четири асистенции на 13 натпревари.
Ноа Ланг ги мина младинските категории на Феенорд и на Ајакс, пред да го продолжи својот фудбалски развој во Твенте, а сега и во Клуб Бриж.
Во Белгија, холандскиот интернационалец го споредуваат со Еден Азар поради неговиот неодоливо сличен стил на игра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
