
Шок во Париз. Ванда Нара и Мауро Икарди повторно се на насловните страници на светскиот печат, а причината е, се уште неофицијално, нивната разделба!
Како што обично се случува во денешно време, првиот сигнал пристигна на Инстаграм, каде што Ванда прво објави, а потоа ја избриша пораката: „Уништи уште едно семејство поради к*рва“.
Италијанските медиуми откриваат дека аргентинската актерка, пејачка и водителка Еугенија Суарез наводно е причината за расправијата помеѓу Ванда и Мауро и дека тие ја прекинале нивната врска.

Ванда откако ја објави пораката на Инстаграм, ги избришала сите заеднички фотографии со напаѓачот на Пари Сен-Жермен.
Би се рекло дека историјата на некој начин се повторува кога станува збор за Мауро Икарди. Тој во минатото ја „украде“ Ванда од Макси Лопез и на тој начин предизвика гнев во јавноста, а сега Ванда и тој уште еднаш ја имаат главната улога во „жолтиот печат“ низ целиот свет.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
