
Продолжувајќи во истиот стил од есенскиот дел Вардар ја почна и пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига, со убедлива победа од 3-1 против Македонија ЃП.
„Црвено-црните“, на тој начин, им се реваншираа на „лавовите“ за првиот пораз сезонава во 1. коло од шампионатот. „Вардарци“ по квалитетниот почеток на дуелот на арената „Тодор Проевски“, победата ја најавија со голот на Реис Жуниор во 37. минута, кој одлично ја искористи асистенцијата на Цветановски.
Во второто полувреме, во 49. минута веќе беше 2-0 за Вардар откако 19-годишниот Џемал Ибиши одлично ја искористи грешката на гостите во својот шеснаесетник.
Иако во продолжението фудбалерите на Наџи Шенсои поактивно тргнаа во желбата за гол во мрежата на Гачевски, сепак следеше погодок повторно во мрежата на гостите. Во 59. минута и Цветановски постигна убав гол за 3-0.
Почесниот гол за Македонија ЃП беше дело на Паду во 67. минута од средбата.
ПМФЛ – 19. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1 (1-0)
УТРЕ (14 ч.)
Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ
Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (13 ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички

Втора лига
Коста Манев, големо засилување за Беласица

Прва лига
Нигериецот Олатунбосун го засили Арсими
