Лацио го пречека актуелниот шампион на Италија, Интер, на домашен терен, на стадионот “Олимпико” во Рим и во луд натпревар во совлада со 3-1. Иако статистиката беше на страна на домаќините цело прво полувреме, “нераѕурите” заминаа на паузата со водство од 1-0, а најголема заслуга за тоа имаше играчот од средниот ред, Николо Барела.
Тој во еден напад беше соборен од страна на Хисај, при што по контактот, падна на земјата и беше доделен пенал за тимот на Симоне Инзаги. Иван Перишиќ без проблем го изведе ударот од белата точка. Но по еден час игра, среќата му го сврти грбот на Интер и им се насмевна на “орлите”.
При еден корнер на Лацио, Бастони играше со рака, при што Имобиле го изедначи резултатот на 1-1, повторно од пенал. Но, натпреварот како да не беше доволно “луд” дотогаш, па после еден контра-напад на Лацио, Андерсон ја собра топката и постигна погодок за пресврт во 81. минута. Конечниот резултат го постави Србинот Милинковиќ – Савиќ со одличен удар со глава десет минути подоцна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal