
Кристијано Роналдо се соочува со тешка конкуренција за “Златната топка” оваа година, но неговиот агент е убеден дека заслужува да ја освои. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед е меѓу фаворитите за да ја добие наградата за неговите настапи во 2021 година, но како противници ги има Лионел Меси, Роберт Левандовски и Жоргињо.
Роналдо се обидува да го добие признанието по шести пат во кариерата и Жорге Мендеш смета дека направил повеќе од доволно за да го освои и покрај тоа што минатата сезона ја заврши со само еден трофеј, Купот на Италија.
„Неговите бројки зборуваат и тие треба да бидат доволни. Тој постигна 115 голови за Португалија, со што стана светски рекордер со репрезентацијата. Тој е најдобриот стрелец во историјата на фудбалот. Тоа е одлучувачка работа и значи дека тој мора да го освои трофејот, бидејќи продолжува да докажува дека е најдобриот играч во историјата.
“Не заборавајте дека Кристијано беше најдобар стрелец во Серија А, беше најдобар стрелец на последните европски првенства, има рекорд за најмногу голови во Лигата на шампионите и е единствениот играч кој освоил сè во три различни и многу конкурентни земји како Италија, Шпанија и Англија. Сето ова заедно го прави апсолутно уникатен. Од моја гледна точка, ‘Златната топка’ има само едно име: Кристијано Роналдо. Тој никогаш не го заслужил повеќе од оваа година”, истакнува Мендеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
