Поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи откри дека размислувал дури и за самоубиство по скандалот “Калчополи” што резултираше со исфрлање на “бјанокнерите” во Серија Б. “Нетфликс” сними нов документарен филм за скандалот што го погоди италијанскиот фудбал летото 2006 година, непосредно пред Италија да го освои Светското првенство.
На крајот од истрагата и по неколкуте жалби, на Јувентус на крајот му беа одземени две титули во Серија А, и беше исфрлен во втората лига, Серија Б. Додека пак на Милан, Фиорентина, Лацио, Реџина и Арецо, им беа одземени бодови.
Клучна фигура на овој скандал беше Моџи, тогашниот генерален директор на Јувентус. Оваа случка го означи крајот на неговата кариера, иако сега работи како писател и експерт: “Се срамев дури и да одам по улица и во тој момент размислував за многу работи, дури и за самоубиство. Како да бев на врвот на дрвото и сите одоздола се стремат, подготвени да ме погодат. Првите 10 дена беа ужасни.
“На телевизија, на радио и во весниците постојано се зборуваше за скандалот, но јас никогаш не искористив никого и ништо. Тоа што ме прикажуваа како крадец беше навистина болно. Се чувствував навистина претепано, како цела куќа да се урна врз мене”, рече Моџи во документарецот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski