Петтопласираниот во Втора лига, Кит-Го го пречекува тимот на Слога Виница во Пехчево во сабота. Екипата на Трајче Сенев ќе мора да цели на триумф фоколку сака ѝ се приближи на Слога, која има предност од четири бода на третата позиција.
“Против Слога ќе играме во комплетен состав. Во екипата се враќаат Давид Бошевски и Кире Трпчевски. Само ќе недостасува Оливер Христов, кој е повреден. Во нашата екипа играат осум младинци, но тие неделава добро тренираа и имаа тренинг натптревар со Брегалница.
“Тоа покажува дека формата на екипата е во нагорна линија. Очекувам интересна средба, но и победа, иако Слога ја почитуваме. Играме на домашен терен и тоа е предност за нас. Верувам дека ќе прикажеме добра игра, и како што споменав, да победиме“, вели тренерот на Кит-Го.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski