Во желбата за одбрана на бодовната предност на чело на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар денеска гостува на Борец во Велес во првиот натпревар од 20. коло.
„Црвено-црните“, комплетирани со враќањето на Даниел Аврамовски и Али Адем, без сомнение, атакуваат на трите бода и покрај тоа што сосема е јасно дека ги чека повеќе од тешка задача на теренот во Велес. Интересно, Борец веќе 19 месеци не знае за пораз на домашен терен, што е дополнителен предизвик за „црвено-црните“…
„Сето тоа доволно кажува каков противник не очекува. Добро е што немаме казнети и повредени, па комплетирани со Аврамовски и Адем сигурно нашата желба е атак на трите бода. Борец има навистина добар тим, но со максимален ангажман на теренот, игра онака како што знаеме мислам дека ќе дојдеме до трите бода од овој натпревар“ – вели шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.
Но, во битката за опстанок бодовите се неопходно и за велешани кои без сомнение носат повеќе од доволен мотив за максимално надигрување со најтрофејниот македонски клуб.
ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР
УТРЕ (14 ч.)
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ (13 ч.)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski