
Диего Симеоне се обидел да го доведе Лионел Меси откако тој објави дека нема да го продолжи договорот со Барселона по цели 21 година. Тренерот на Атлетико Мадрид го контактирал најдобриот пријател на Лео, Луис Суарез, за да се обиде да го убеди да премине на стадионот “Ванда Метроплитано”.
“Не му се јавив на Лео, туку му се јавив на Луис за да го прашам како е Меси, дали би сакал и дали има најмала шанса да дојде во Атлетико. Повикот траеше повеќе од три часа, бидејќи тогаш веќе беше пред потпис со Пари Сен Жермен”, изјави “Ел Чоло”.
“Значи, можноста за да работам со Меси никогаш не се појавила. Тој до скоро беше во Барса, а јас сум во Атлетико, а и не се сретнавме како играчи во репрезентацијата на Аргентина“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
