
Францускиот интернационалец Пол Погба нема да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед затоа што сака да си ја исполни желбата од детството и да потпише за Реал Мадрид. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, досега многу често ја затвораше вратата за Мино Раоола, но сега конечно би можеле да најдат заеднички јазик.
Според информации од Мадрид, Перез гледа одлична можност да го доведе Погба без надомест, бидејќи тој е во последната година од договорот. „АС“ пишува дека платата на Погба од 15 милиони евра по сезона не би била проблем и дека Перез со задоволство би го видел во Реал како замена за Лука Модриќ.
Сепак, Перез не сака да ги расипе добрите односи со Манчестер Јунајтед и пред се сака Погба да го направи првиот чекор и да изрази желба да замине од „Олд Трафорд“.
Французинот сакаше да дојде во Мадрид уште во ерата на Зинедин Зидан, но коцките никогаш не се споија. Погба тогаш беше прескап, а сега би можел да дојде како слбооден агент во текот на летото, што секако е сосема поинаква ситуација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
