Во документарниот филм на “ДАЗН” за Нејмар, фудбалерот на Пари сен Жермен открил дека претстојното Светско првенство во фудбал следната година ќе биде последно за него.
„Го гледам како мојот последен Мундијал, бидејќи не знам дали имам сила да се занимавам повеќе со фудбалот. Затоа ќе направам сè за да изиграм добро и за да победам со мојата земја, да го остварам мојот најголем сон уште од мал. Се надевам дека ќе можам да го сторам тоа“.
Нејмар досега играше во две изданија на Мундијалот за Бразил, но во двата наврати “кариоките” не стасаа подалеку од нокаут фазите. 29-годишниот напаѓач може да игра и во изданието 2026 година, кога ќе има 34 години, но се чини дека не е заинтересиран да игра на меѓународна сцена толку долго.
Ѕвездата на ПСЖ досега има 119 натпревари настапи во дресот на Бразил, во кој постигна 69 голови, со што стана втор стрелец на сите времиња за својата земја зад Пеле.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal