БВК Коњаре, фудбалскиот третолигаш кој е дел од Третата лига Север, го истакна својот став за натпреварувањето и неможноста да стартува сезоната. За разлика од почетокот на Третата лига Запад и Југозапад, фудбалската сезона во Третата лига Север нема да стартува.
Откако пред извесно време реагиравме со фејсбук статус и побаравме помош од надлежните, до денес немаме реакции од истите.
Ние сме клуб кој што треба да се натпреварува во Третата лига Север. На состанокот одржан во просториите на ФФМ, се извлече ждрепка за новата сезона. Сите 16 екипи учеснички уплатија цела или дел од котизацијата во износ од 180.000 денари. Од тогаш до денес, освен мејлови, немаме никаква активност со цел започнување на првенството. Од раководството на Третата лига Север имаат јасен став, а по препорака на комисијата за заразни болести – натпреварите да се играат со двојна вакцина или негативен ПЦР – тест пред секој натпревар.
Клубовите учесници не се во можност да ги плаќаат тестовите. Втората опција е вакцинацијата. Ние сметаме дека секој граѓанин сам треба да одлучи дали ќе се вакцинира или не. Во овој случај поголемиот дел од екипите се “невакцинирани”. Од друга страна започнаа со прво коло во Трета лига Запад и Југозапад. Се прашуваме дали е фер и регуларно да започнат само две лиге, а ние да чекаме некои подобри времиња?!
Иако како клуб имаме многу трошоци, се одлучивме играчите да ги ослободиме од клупските обврски се додека не се сменат актуелните мерки.
Јавно прашуваме дали некој ќе се ангажира за започнување на Третите лиги како и општинските во целост со “ланските протоколи ” или ќе “извисиме” над 2.000 играчи кои не бараат ништо друго, освен да се дружат и забавуваат на фудбалските терени.
Сметаме дека нема да ја влошиме здравствената состојба, ние два клуба на терен или отприлика 40 луѓе, повеќе од политичките партии кои имаат и по 5.000 присутни поддржувачи на нивните митинзи на отворено.
Со почит, ФК БВК Коњаре
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal